Apphotel Alexander In
-30% попуст на прва и последна смена
-25% попуст на втора смена
-15% попуст на трета смена
-10% попуст на сите останите смени
со целосна уплата до 20.12.2024
Apphotel Аlexander In е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.
Координати на вилата: 40.6706607,23.6916213,549
Важни напомени
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
Доплата за туристичка такса во Грција – 1.5 евра по соба од ден (се плаќа во агенција).
Огранизиран превоз Скопје – Кавадарци – Неа Рода.
Поаѓање од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот.
Цена на повратен билет = 50 евра. Деца од 2 – 11,99 = 40 евра. Цена во еден правец 40 евра. Деца до 1,99г. БЕСПЛАТНО (без седиште).
ПРОГРАМА