МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА
Битола – Смилево – Крушево – Прилеп – Демир Капија – Вељуса – Водоча – Струмица – Смолари – Берово – Куклица – Кратово – Крива Паланка – Скопје – Лешок – Бигорски Манастир – Вевчани – Струга – Битола
- ден Состанок на групата во 07:00 часот пред хотел Епинал и поаѓање за Смилево со посета на Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес. Потоа заминување за Крушево, со посета на „Спомен-куќата на Тоше Проески“, споменикот „Македониум“ и гробовите на Тоше Проески и Питу Гули. Од Крушево заминување за Прилеп, со слободно време за ручек, а потоа посета на винарската визба „Кралица Марија“ во Демир Капија. Потоа посета на средновековните манастири во околината на Струмица – „Света Богородица Елеуса“ во Вељуса и „Свети Леонтиј“ во Водоча. Сместување во хотел во Струмица. Вечера. Ноќевање.
- ден Појадок. Во утринските часови посета на Колешинските или Смоларските водопади во околината на Струмица. Слободно време за кафе и пауза во комплексот „Лебедово езеро“ во Смолари. Оттаму поаѓање за Берово и посета на манастирот „Свети Архангел Михаил“. Слободно време за ручек во центарот на Берово. Преку Виница и Кочани, заминување за Кратово и посета на локалитетот споменик на природата – Куклица. Сместување во хотел во Кратово. Вечера. Ноќевање.
- ден Појадок. Во утринските часови заминување за Крива Паланка со посета на средновековниот манастир „Свети Јоаким Осоговски“. Оттаму заминување за Скопје и слободно време за прошетка во центарот, плоштадот „Македонија“, кејот на Вардар и Старата скопска чаршија. Посета на „Музејот на македонската борба“ во центарот на Скопје. Оттаму посета на езерото Матка со можност за крстарење со брод по кањонот. Сместување во Скопје. Вечера. Ноќевање.
- ден Појадок. Заминување за Лешок со посета на Лешочкиот манастир во чиј комплекс се наоѓаат црквите „Свети Атанасиј“ и „Света Богородица“. Оттаму, преку Тетово и Гостивар заминување за манастирот „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски манастир. Во пладневните часови преку Дебар заминување за Вевчани со посета на Вевчанските извори и можност за ручек во еден од локалните ресторани покрај изворите. Потоа посета на Струга, на местото каде што Црни Дрим истекува од Охридското Езеро. Слободно време во центарот на Струга. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 16 500 мкд
Цената вклучува:
- Превоз на дадената релација
- Сместување во хотел со вечера и доручек
- Влезница за наведените локалитети
- Организација и водство на аранжманот
Во цената се вклучени влезниците за:
- Музејот на Mакедонската Борба
- Влезница во винарска визба
- Вевчански Извори
- Македониумот
- Спомен куќата на Тоше Проевски
- Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес
- Куклица
Цената не вклучува:
- Патничко осигурување
- Крстарење по Матка