ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ЗА АГЕНЦИИ ЧЛЕНКИ НА СКТМ

 


1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ


Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции,  епидемии, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

 

2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА


Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите на Т.А. Диме Турс во Битола и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% - 50% од вредноста на аранжманот, доколку поинаку не е наведено во програмата, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 20 дена пред реализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати тошоците за отказ на аранжманот согласно условите од Член.6 “Откажување од патувањето” од страна на патникот, доколку поинаку не е наведено во програмата. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава – Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

 

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ


Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарска противвредност според курсот на девизниот пазар – објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања. Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот. Доколку во рок од 2 дена од приемот на известувањето, патникот по писмен пат не го извести организаторот дека се откажува од Договорот, се смета дека ја прифатил неговата цена. Дополнителното објавување на намалување на цените на патувањето (на пр. специјални понуди или попусти од типот Last Minute) не може да се однесуваат на веќе склучените Договори и не можат да бидат основ за било каков приговор или рекламација на патникот кон организаторот на патувањето.

 

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ


Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во времето на издавање на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат.

 

5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ


Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) или целосно да ја откаже програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или по договор со организаторот на патувањето, веќе уплатениот износ може да го искористи за друга програма од понудата на организаторот на патувањето. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест.
Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

 

6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО


Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), доколку со програмата не е поинаку одредено, според следната скала:

  • за отказ во било кој термин, учеството кое што е платено (во зависност од понудата), во никој случај не се враќа назад, а од остатокот на аранжманот се наплаќа споредн следниот тарифник:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 10%
  • за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 25%
  • за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 40%
  • за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 80%
  • за отказ од 07 до 0 дена пред патувањето 100%

Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.
Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 € / Евра, по пријава-договор.
Доколку патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите – непредвидливи причини за отказ на аражманот, настанати во периодот од потпишување на договорот за патување до почетокот на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на откажување на договорено туристичко патување” кај Осигурителна компанија. Оваа осигурителна полиса може да се договори и уплати на продажното место, истовремено при самата уплата на аранжманот.
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги.

 

7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО


Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата. Организаторот е должен да склучува договори само со сообраќајни претпријатија чии превозни средства ги исполнуваат условите пределени со пропис од областа на јавниот патен сообраќај, за кои одобрение или лиценци за работа издава и контролана работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот е должен да склучува договори само со лиценцирани туристички водичи и придружници, за кои одобрение или лиценци за работа издава и контрола на работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешка во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, а за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола на работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот не одговара за штета која настанала поради промени на програмата или не извшени услуги под дејство на виша сила. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции.
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.

 

8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ


Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот.
Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

 

9. ПРЕВОЗ СО АВИОН


Превозот на патниците со авион е регулиран со меѓународните правила на авионскиот сообраќај како и правилата на авионската компанија која ја ангажира организаторот на патувањето. За сите авионски патувања на редовните линии се подразбира превоз на патниците на економска класа. Во случај на промена на предвиденото време на полетување од страна на авиокомпанијата како и задоцнување на авионот (на една или на повеќе редовни линии или чартер-летови во текот на патувањето), организаторот на патувањето не ја сноси орговорноста за евентуални последици предизвикани со задоцнувањето, туку се применуваат важечките прописи и узанси од областа на авио-сообраќајот. Патникот е одговорен за својата авионска карта од моментот кога ќе ја добие од водичот на аеродром или службеникот на агенцијата. 

 

9-а. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕР

Местата во автобусот се доделуваат последователно според датумот на пријавување на патникот на аранжманот. Во случај на доцнење на автобусот поради временски услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настани задоцнувања.

 

10. БАГАЖ


Кај автобускиот слобоен превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20кг) по патник и едно парче рачен бараж. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, превознико има право за истиот да наплати дополнителни трошоци по килограм/парче или да не дозволи да се транспортира, во зависност од багажниот простор на возилото. Како багаж, не се дозволува внеување на трговска стока, храна, пијалоци, лекви, наркотици, хемиски и други запаливи срества, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. 

 

11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА


Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоапрепорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати во агенцијата.

 

12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ


Доколу патникот-закупувач не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

 

12-а. ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

 За индивидуални резервации и аранжмани патникот уплаќа депозит на име тршоци за езервација. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на патникот, депозитот се пресметува во цената на патувањето. Доколку организаторот на патувањето не ја потврди резервацијата, депозитот во целост му се враќа на патникот. Одредбите на точка 6 од Општите услови за патување не се применуваат кај индивидуалните ресервации и аранжмани. Организаторот на патувањето, освен во случај на своја немарност  и негрижа, не одговара за недостатоците, материјални и телесни оштетувања на инивидуалните туристички патувања, за кои истиот е само посредник помеѓу Патниот и крајните даватели на услуги (на пр. поединечна услуга за сместување, превоз, влезници за спотрски манифестации, излети, рент-а-кар идр.) По добивање на доказ за поединечна договорена услуга, договорните услови стануваат важечки исклучиво меѓу Патникот и секој поединечен краен давател на услугата.

 

13. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ


Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.

Постапка за поднесување приговор:

  • Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи доплнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
  • Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).
  • Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
  • Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.
  • Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
  • Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.

 

14. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ


Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на Судот на честа при SKTM или од страна на надлежниот Суд во местото каде е седиштето на организаторот на патувањето.

Потписник:
ТА ДИМЕ ТУРС БИТОЛА

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.