Vila Tuba
20% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.02.2025)
Вила Туба се наоѓа на 290 метри од плажа. Располагаме со два четирикреветни апартмана на приземје и на 2 кат. Секој апартман има балкон, комплет опремена кујна со фриждер, бања, ТВ, клима (се доплаќа на лице место) и Wi-fi. Пред вилата има паркинг.
Координати: 39.974455,22.652863
Важни Напомени:
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 И 1/4+1 АПАРТМАН, ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
Опис на апартманите:
- АПП БР.1 - Приземје. Четири единечни кревета. Два кревета во спална, два кревета во кујна.
- АПП БР.2 - 2 кат. Четири единечни кревета. Два кревета во спална, два кревета + софа во кујна.
Напомени:
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на доп. барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од соба.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Цена за превоз:
Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
деца до 11,99 години 35€ / Еден правец 30€.
Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно
ПРОГРАМА