Vila Toula
За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември
За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември
Вила Тула се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори .Располага со 7 соби од кои ( студија 1/2, студија 1/3 дуплекс 1/3+1/2 ).Вилата се наоѓа 150 м одалечена од плажа .Wi-fi - бесплатно додека ористење на клима уредот е со доплата 5 евра на ден за студио и 8 евра на ден за дуплекс. Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ за студио.
Координати: 39.97393, 22.65581
Услови под кои важи аранжманот.
*цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!
Користењето на клима-уред, (5 евра на ден)
Користењето на клима-уред, (8 евра на ден за двете клими )во дуплекс.
За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин.
Попустите не се комбинираат.
Доплата на туристичка такса 2 € за студио од ноќ (се плаќа во вилата)
Опис на сместувањето:
1/2 СТУДИО БР.1 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од десната страна при влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата.
1/4 СТУДИО БР.2 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со два дупли кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.
1/4 СТУДИО БР.3 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.
1/2 СТУДИО БР 4 - Се наоѓа на приземје, има дел од дворот кој се користи како тераса Во влезот на студиото се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата која гледа во соседната куќа (ѕид).
1/3 СТУДИО БР.5 - Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса и WC. Студиото располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.
1/4 СТУДИО БР.6- Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопатвена тераса и WC Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.
1/5 ДУПЛЕКС БР.7 - Се наоѓа на првиот кат од вилата има долга тераса на која се излегува од двете спални и од кујната. Кујната се наоѓа во ходникот на дуплексот помеѓу двете спални соби и е оремена со решо и голем фрижидер . Дуплексот има сопствено WC. Во едната спална има 1 дупли и 1 единечен кревет, а во другата спална соба има 2 единечни кревети и ТВ. Во дуплексот има 2 клими по една во секоја спална соба .
1/4 СТУДИО БР.8 - Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса која гледа во соседната куќа (ѕид), WC. Располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.
Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
- За возрасни 45 евра
- За деца до 12 години. 35 евра
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
- Организаторот не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.
ПРОГРАМА