Vila Vula
За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември
За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември
Вила Вула е лоцирана на 50м од најубавата плажа во Лептокарија. На 10 минути од центарот. Оваа вила е изградена во 2020 година. Самата вила располага со три, четири и пет креветни студија кои дел се со странчен поглед на море. Сите студија се опремени со кујни ,тв,wi-fi ,тераси. Клима со доплата 5 евра на ден.
Kоординати: 40.0655, 22.56647
Услови под кои важи аранжманот.
*цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!
За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин. Попустите не се комбинираат.
Користењето на клима-уред-(5 евра на ден)
Доплата на туристичка такса 2 € за студио/апп од ноќ (се плаќа во агенција)
Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
Опис на сместувањето:
1/4 СТУДИОБР1 СУТЕРЕН - се наоѓа неколку скали во земјата. . Студиото има дел од дворот кои го користат како свој балкон , кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и креветчина на спрат , WC, клима и ТВ.
1/3 СТУДИО БР 2 - се наоѓа на високо приземје и е со засебен влез. Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/3 СТУДИО БР 3 - се наоѓа на високо приземје . Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/4 СТУДИО БР 4 - се наоѓа на прв кат. Студиото има сопствен голем балкон со страничен поглед на море, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два брачени кревети грчки стандард , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).
1/3 СТУДИО БР 5 - се наоѓа на прв кат . Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/4 СТУДИО БР 6 - се наоѓа на втор кат. Студиото има сопствен голем балкон со страничен поглед на море, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два брачени кревети грчки стандард , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).
1/3 СТУДИО БР 7- се наоѓа на втор кат . Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/4 СТУДИО БР 8 - се наоѓа на трети кат. Студиото има сопствен голем балкон со поглед на море, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два брачени кревети грчки стандард , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).
- За возрасни 45 евра
- За деца до 12 години 35 евра
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
- Организаторот не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.
ПРОГРАМА