Vila Rita
Вила Рита се наоѓа на 20 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на климата се доплаќа 5€ на ден.
Туристичка такса 2 евра по студио од ден се наплаќа во агенцијата.
Цените означени со (*) звездичка во табелата се пакет аранжмани по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 10 евра по лице .
Цените без звездичка означуваат наем на студио/апартман за 7 ноќи без превоз;
За пакет аранжман во студио потребни се минимум 2 лица , трето и четврто лице – плаќаат по 50 еврa
За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 10 евра по лице .
Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла;
Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
Превоз од: Скопје / Велес / Удово / Гевгелија;
Попусти и доплати
При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
Доплата за превоз:
- 50 € за возрасни – повратна карта
- 40 € за деца до 12 год повратен билет
- Билет во еден правец 40 евра
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта; 20 € за прв ред на седиште
- Тргнувањето од Скопје е во 06 часот наутро (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е 30 мин. пред времето за поаѓање .
- Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти цената ке биде променета )
- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.
ПРОГРАМА