Vila Filoxenia
12% попуст за целосна уплата до 16.11.2024
10% попуст за 50% уплата до 16.11.2024 и целосна уплата 21 денпред поаѓање
7% попуст за 30% уплата до 16.11.2024 и целосна уплата 21 денпред поаѓање
смените со звездичка се со веќе пресметан попуст
( акциските попусти важат за смените без ѕвездичка )
Вила Filoxenia е нова и модерно опремена вила, на оддалеченост од само 150 метри од море.Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија и апартмани. Сите соби се убаво опремени со нови кујни,купатило со ВЦ, Тв, клима уред со доплата 6 евра од ден и многу големи тераси. Во дворот има скара која е достапна за туристите. Вилата има паркинг за 2 возила и функционира на принципот прво слободно место.
Координати: 40.703779, 23.696994
Важни напомени
-За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ :
НЕМААТ КРПИ ,САПУН ;ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
Автобуски превоз
50 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
20 € за прв ред на седиште
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ПРОГРАМА