Никиана - Vila Галанос

 

15% попуст за резервации 50%до 31.12.2024

-10% попуст за резервации и 50% уплата до 28.02.2025

 

 

 

 

 

Вила Галанос  се наоѓа на 30 метри од плажа на самиот влез во местенцето. Песочната плажа веднаш под вилата (преку улица) е беспрекорно чиста и идеална за деца и возрасни.

Сместена е на мало зелено живописно узвишение со цвеќиња и дрвја (маслинки, чемпреси, цвеќиња, зеленички, мирти, круши, калинки и др.) со уникатен поглед од  терасите и поплочени дворови.

Вилата располага со сопствен паркинг за сите гости како и  мало пристаниште е на 50 метри. Вила Галанос се наоѓа на зелен рид на 6.000 квадратни метри од уникатен природен терен и поглед од секаде, веднаш до морето. Вреди да го запознаете само поради разновидноста на дрвја и цвеќиња. Спаѓа во висока категорија и е мало семејно сместување со комфорни, едноставни и секогаш чисти студија. Микроклимата на областа во вилата Галанос (рид до морето со многу дрвја секогаш ви обезбедува свежа средина и во лето). Затоа сопствениците избрале имиња на воздух за да ве запознаат со апартманите и студијата од куќата. Околу вилата има се за вашиот одмор (супер маркет, таверни, пекари, кафулиња, месарници, рурален лекар, автобуска станица, школи за скијање и нуркање, кајак, сурфање итн.).  Студијата се комплетно опремени со кујна, фрижидер, големи тераси (некои со поглед на море), клима (со доплата), како и лице задолжено за сите потреби на гостите. Координати: 38.7609742,20.718953,17

Nidri   Vila Galanos

Важни напомени

Доплата за туристичка такса  (се плаќа во објектот).

За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст.

Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст. Попустите не може да се комбинираат.

Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ

Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.

Доплата за превоз 10 евра : Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%,  или промена на цената на горивото.

Време на поаѓање за Лефкада:

01:00 h Скопје (Дрводекор)

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)

12:45 h Штип (паркинг пред пошта)

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...