Аг. Никитас - Vila Spiros

 

-15% попуст за резервации до 15.02.2025 и целосна уплата до 10.03.2025

-10% попуст за резервации до 30.03.2024 и целосна уплата до 10.04.2025

 

 

 

 

 

Вила Спирос се наоѓа на 300м од плажа, на почетокот на Аг.Никитас во нејзина близина се наоѓа продавница на 100м,rent a car и rent a bike на 100м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири. Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби оделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.  Клима со доплата  7 евра на ден

 (GPS координати: 38°47'20.6"N 20°36'49.7"E)

AgNikitas   Vila Spiros

Важни напомени

Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

За  уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)

Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст. Попустите не може да се комбинираат.

Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

-Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице

-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице

-Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -70€ по лице

-Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

-Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице

-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице

-Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -70€ по лице

-Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на поаѓање за Лефкада:

01:00 h Скопје (Дрводекор)

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)

12:45 h Штип (паркинг пред пошта)

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...