Египет Египет                                           Повеќе детали
Турција Турција                                         Повеќе детали
Лето 2026 * Лето 2026 *                                       & Повеќе детали

Катизма - Vila Armonia

 

-15% попуст за резервации и 50% уплата до 31.12.2025

-10% попуст за резервации и 50% уплата до 28.02.2026

 

 

 

 

 

Вила Армониа  Б кат се наоѓа на околу 2 км од познатата плажа Катизма и 1км од Агиос Никитас. Располага со студија и апартмани во кои можат да се сместат 2-4 лица. Нуди приватен паркинг, интернет и рецепција. Има одлична локација за обиколка на плажите на западниот брег. Најблиската самопослуга и пекара се на 1 км, во Агиос Никитас. Вила Армонија располага со  1/2 студија од 20м2 со брачен кревет плус дополнителен кревет со душек со стандардни димензии и  1/2 студиа со дополнителен кревен на оторање и  можност за сместување на двајца возрасни и две деца.. Сите сместувачки единици во вилата имаат клима, ТВ, кујна (две рингли и мал фрижидер со комора), бања со фен и тераса. Безжичен интернет е достапен во сите соби.  Вилата располага со мала рецепција која е достапна за гостите во текот на денот за секаква помош и информација, како и паркинг за сите гости. До вилата ќе стигнете со возење на 10 км од Лефкас, поминувајќи го Агиос Никитас и по 1 км ќе ја најдете вилата Армонија од десната страна. Вила Армонија е идеална за сите патници кои сакаат сместување во близина на плажата Катисма, блиску до населени места како што сликовитото селце Агиос Никитас кое располага со прекрасна плажа од каде поаѓаат такси бтотчињата до плажата Милос, многу ресторани, продавници. Во Агиос Никитас ќе можете да изнајмите кола или мотор по желба, доколку сте  без сопствен превоз.

Координати: 38.7752383,20.6048234

Katizma   Vila Armonia

Важни напомени

Доплата за туристичка такса  (се плаќа во објектот).

Дозволено е сместување спрема капацитетот на соба (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.

1/2 студио – дупли кревет

1/3 студио – дупли кревет и единечна софа

1/4 студио – дупли кревет и софа за две лица

За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст.

Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст. Попустите не може да се комбинираат.

Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.

Препорачуваме за патници со сопствен превоз (обезбеден бесплатен паркинг)

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ

Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.

Доплата за превоз 10 евра : Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

– Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)

Време на поаѓање за Парга:

01:00 h Скопје (Дрводекор)

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)

12:45 h Штип (паркинг пред пошта)

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...

Туристичка агенција - Диме Турс ДООЕЛ
Со "А" лиценца   
Ул. "Столарска", Локал 8, комплекс БЕЗИСТЕН 
7000 Битола, Република Македонија
Телефон : +389 47 609 202
Мобилен : +389 78 662 760
E-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.