Vila Astir
Вила Астир (локална категоризација) се наоѓаат на 10 метри од плажата во Порос. Центарот, каде се лоцирани кафичите, рестораните и продавниците се наоѓа на 100 метри од објектот. Сите соби имаат клима (доплата на лице место). Објекот располага со студија кои се опремени со кујна. Сите соби имаат балкон, половина од собите гледаат на Јонското море, а половина на планината. На гостите им е овозможен пристап до WiFi интернет во заедничките простории на хотелот.
1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
2 – 7.ДЕН / КЕФАЛОНИЈА:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. Сместувањето е после 14 часот. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 7 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…
8.ДЕН / KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:
Во утринските часови следува напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ
- Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
- Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза)
- Билет за траект на релација Килини – Порос – Килини кој чини 35 евра – СЕ ПЛАЌА ВО АВТОБУС
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2025 година (дневно по соба: приватно сместување – 2 евра) – се плаќа во агенција.
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци.
ПРОГРАМА