Vila Pantelis
Вила Пантелис се наоѓа во прв ред до морето, во строгиот центар во Порос. Сите соби имаат фрижидер, ТВ, сопствено купатило, клима(со доплата) и тераса. Собите немаат кујна. Во самото сместување се наоѓа најпознатиот ресторан во Порос, Пантелис каде можете да уживате во традиционалната грчка кујна.
1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
2 – 7.ДЕН / КЕФАЛОНИЈА:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. Сместувањето е после 14 часот. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 7 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…
8.ДЕН / KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:
Во утринските часови следува напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ
- Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
- Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза)
- Билет за траект на релација Килини – Порос – Килини кој чини 35 евра – СЕ ПЛАЌА ВО АВТОБУС
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2025 година (дневно по соба: приватно сместување – 2 евра) – се плаќа во агенција.
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци.
ПРОГРАМА