Vila Kristi
Вила Кристи e сместена на некои 150 метри од градската плажа на Порос. Се наоѓа на некои 5 минути лагано одење до централниот дел на Порос каде можете да уживате во некои од рестораните и таверните. Сите соби се опремени со чајни кујни и фрижидер, тераса и WI FI конекција која е достапна во заедничките простории. Две двокреветни соби се на поткровје, доколку ги избирате таа соба добивате гратис клима за целиот период. За сите останати се доплаќа.
1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
2 – 7.ДЕН / КЕФАЛОНИЈА:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. Сместувањето е после 14 часот. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 7 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…
8.ДЕН / KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:
Во утринските часови следува напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ
- Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
- Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза)
- Билет за траект на релација Килини – Порос – Килини кој чини 35 евра – СЕ ПЛАЌА ВО АВТОБУС
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2025 година (дневно по соба: приватно сместување – 2 евра) – се плаќа во агенција.
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци.
ПРОГРАМА