Vila Elia Beach Apartment
-7% попуст за резервации и уплата до 28.02.2025
Elia Beach Apartments – Врахос (50м од плажа) – се наоѓа на прв ред до песочната плажа. Сместувањето е комплетно реновирано во 2022 година. Покрај реновираните соби и зграда, на гостите им се нуди идеална локација и тивка средина со прекрасен двор во сенка од маслинови дрвја. Плажата е веднаш пред вилата, а сите други содржини се на само неколку минути пешачење. Елиа Бич нуди 11 сместувачки единици за 2-5 лица. Располага со студија (20м2) со брачен кревет и единечна или дупла софа на преклоп и може да прими од 2 до 4 лица. Сите соби имаат пристап до интернет, клима (ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНА) и ТВ, комплетно опремена кујна (шпорет со два горилници, фрижидер со замрзнувач) и балкон со директна или делумен поглед на море. Бањите имаат фен и туш када со завеса. Паркинг за сите гости е обезбеден бесплатно. Чистењето се врши секој ден, а постелнината и крпите се менуваат на секои три дена.
Координати: 39.1786445,20.5450438
Важни напомени
Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот).
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст.
Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст. Попустите не може да се комбинираат.
Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Парга:
-Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
-Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -70€ по лице
-Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Парга:
-Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)-60€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
-Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -70€ по лице
-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)
Време на поаѓање за Парга:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
ПРОГРАМА