Vila Real Lux

 

 

 

 

 

Вила  Реал Лукс  се наоѓа на 200 метри од плажа, во центарот на Полихроно уличката која од црквата се спушта кон плажа. Вилата располага со студија и апартмани на први кат како и мезонети на вториот кат кои што се состојат од софа на извлекување плус брачен кревет на втор кат. Сите студија и апартмани имаат сопствена тераса, кујна, клима, тв. Вилата има сопствен паркинг. Во нејзина близина е пешачката улица каде што има многубројни ресторани, кафетерии, бич барови, продавници за сувенири и сл.

Polihrono   Vila Real Lux

Важни напомени

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Термините со * се однесуваат на цени по лице со вклучен превоз. Минимум уплата на две лица. Трето, четврто и петто лице доплаќаат само превоз 45€ по лице.
  • За сопствен превоз не се одбива од цената
  • Се одобрува 10% попуст за рана уплата – до 15.02.2024 ( минимум 50% уплата) (-5% од 16.02. - 15.04.2024)
  • Попустите за рана уплата не важат за промо пакетите
  • Попустот важи само на редовни цени.
  • Задолжителна доплата на туристичка такса во вилата од 0,5€ по соба на ден
  • Клима и WIFI се вклучени во цената
  • За спојување на два термина – 10% од вториот термин
  • Не се комбинира со попустот за рана уплата и не важи за промо пакетите
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената. Може да се извади во било која осигурителна компанија
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • За хигиената, за време на престојот се грижат гостите
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...