MAI Apartments
Mai App е сместена само на 50 метри од плажа, нуди неверојатна комбинација на комфор и природна убавина. Луксузно дизајниран и опремен овој објект е идеален за вашето опуштање и задоволство.
Локација: Се наоѓа на само 50м. од плажа, во непосредна близина на центарот.
Сместување: Високо приземје и прв кат: трикреветни ,четирикреветни и петкреветни студиa.
АПП 1/2+1– еден брачен кревет во посебна соба, опремена кујна со дополнително легло (фотелја на спуштање), ТВ, бања, тераса.
АПП 1/3+1– еден брачен кревет и еден единечен кревет во посебна соба, опремена кујна со дополнително легло (кревет на спуштање), ТВ, бања, тераса.
АПП 1/3+2– еден брачен кревет и еден единечен кревет во посебна соба, опремена кујна со дополнителни легла (фотелја на спуштање и кауч (должина 160cm), ТВ, бања, тераса.
Клима уредот е вклучен во цената.
Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).
Важни напомени
Превозот се доплаќа
Возрасен 45 евра повратен / 35 евра еден правец.
Деца од 02-12г. 35 евра повратен / 25 евра еден правец.
Деца до 2г. Бесплатно (без седиште).
* Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот).
* Цените означени со * се промо цени и на нив не следува попуст.
* Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
* Сместувањето во студијата и апартманите е во 14:00 (по локално време);
* Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
* Секоја направена штета се плаќа на лице место;
* За хигиената во апартманите и студијата во текот на целиот престој се грижат гостите;
* За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;
* Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
* Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
* Задолжително патничко осигурување.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатеното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на оваа програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправноста на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.
Важат општите услови за патувањe на СКТМ !
ПРОГРАМА