Vila Waterfront
Попуст за рана уплата од 12% до 30.01.2025 за термини до 05.07.2025
Вила WATERFRONT Се наоѓа на 20м. од плажа.
Сместување: Мезонет на 3 спрата (приземје, прв и втор кат)
Приземје: Дневен престој со опремена кујна и дневна соба, гостински тоалет и тераса.
Прв кат: Две спални соби со по два единечни кревети, тоалет и тераса.
Втор кат: Една спална соба со два единечни кревети, простор со еден клик-клак кауч (возрасен + дете), тоалет, тераса. Терасите на спрат имаат поглед на море. Бебешко креветче и дополнителен помошен кревет. Клима уред е вклучен во цената. Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети. Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).
Важни напомени
Превозот се доплаќа
Возрасен 45 евра повратен / 35 евра еден правец.
Деца од 02-12г. 35 евра повратен / 25 евра еден правец.
Деца до 2г. Бесплатно (без седиште).
* Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во агенција).
* Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
* Сместувањето во студијата и апартманите е во 14:00 (по локално време);
* Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
* Секоја направена штета се плаќа на лице место;
* За хигиената во апартманите и студијата во текот на целиот престој се грижат гостите;
* За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;
* Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
* Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
* Задолжително патничко осигурување.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатеното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на оваа програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Организаторот не ја цени исправноста на патни документи.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Цените може да се коригираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.
Важат општите услови за патувањe на СКТМ !
ПРОГРАМА