Vila Noel

 

 12% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.02.2025)

 

 

 

 

Вила Ноел се наоѓа во строгиот центар на одморалиштето во пешачката зона (улицата која оди кон морето од кружниот тек), на 80 метри од градската плажа. Студијата се на високо приземје и кат и се опремени со клима (се доплаќа), wifi, фен и ТВ. Студијата со четири кревети содржат опремена кујна, француски кревет и стандардни кревети на спрат, пространа тераса. Вила Ноел нема крпи и нема можност за паркирање на улицата пред вилата.

 Pefkohori   Vila Noel

Важни напомени:

  • ПЛАЌААТ МИНИМУМ ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 СТУДИО, ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Напомени:

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на доп. барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од соба.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
  • деца до 11,99 години 35€ / Еден правец 30€.
  • Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:

Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин

Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)

Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол

Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол

Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...