Vila Nautika
15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНИ УПЛАТИ ЗАКЛУЧНО ПЕТОК, 27 ДЕКЕМВРИ 2024 ГОДИНА
Вила Наутика е лоцирана во центарот, во еден од најубавите делови на Пефкохори од долната страна на улицата, над малото пристаниште, оддалечена околу 200 метри од морето и песочната плажа. До неа има пекара, голем маркет, таверни, ресторани. Студијата кои се наоѓаат на првиот и на вториот кат од куќата се реновирани пред летото 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата или кон внатрешноста на дворот. Во собите има пешкири како дел од опремата.
Напомена:
-
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3 100 мкд. (50 евра),
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 21 ден пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Организаторот НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ПРОГРАМА