Vila Sunday Mood

 

-          20% попуст до 10.12.2024 за термини до 12.07 и целосна уплата до 25.12.2024

-          15 % попуст до 31.12.2024 за термини до 12.07 и целосна уплата до 15.01.2025

-          10% попуст до 31.01.2025  за термини до 12.07 и целосна уплата до 25.02.2025

 

 

 

 

Vila Sunday Mood  се наоѓа на само 50 м. од песочната плажа во Неа Скиони. Опкружена е со прекрасен двор и цветна градина. Вилата располага со студиа, трокреветни и четворокреветни апартмани со една спална и  петокреветни и шестокреветни дуплекс апартмани со 2 спални соби. Во сите апартмани и дуплекси спалните соби се физички одделени од дневниот престој каде што се наоѓа кујната. Сите соби се со комплетно опремени кујни, сопствени бањи, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI, балкони со поглед на градина.

Nea Skioni   Vila Sunday Mood

Цената вклучува:                            

  • Наем на соба за 7 ноќевања
  • Користење на клима уред
  • Интернет во соби

Доплати:

  • Туристичка такса од 2 евро по соба на ноќ која се плаќа во вилата

Важни напомени

Бројот на соби кој може да се резервира со попуст за рани резервации е ограничен!

Aгенцијата го задржува правото на промена или прекинување попустите пред наведените датуми на истекување.

Резервациите направени со еден попуст не може да се комбинират со друг попуст!

Доколку уплатата не се изврши навреме резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и истото не е причина за отказ на постоечката резервација.

За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст неможе да се комбинира со други попусти

Во случај на отказ на резервациите уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ за Халкидики

v  Скопје / Велес / Неготино / Гр. премин Богородица – 50 € за возрасни и 40 € за деца до 11,99 г.

v  Струмица, Штип – 65 € за возрасни и 55 € за деца до 11,99 г.

Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%,  или промена на цената на горивото.

Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...