Vila Zorbas
7% попуст за целосна уплата до 01.03.2025
Вила Зорбас се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба во апартманите на II кат. Тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и интернет - бесплатни. Апартманите се наоѓаат на II кат.
. (Координати: 40.257340, 23.217020)
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална - БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
- Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
.
ПРОГРАМА