Vila Bouzalis

 

-30% попуст на прва и последна смена

-25% попуст на втора смена

-15% попуст на трета смена

-10% попуст на сите останите смени

со целосна уплата до 20.12.2024

 

 

 

 

Vila Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Координати на вилата: 40.257299, 23.217503

Nea Flogita   Vila Buzalis

Важни напомени

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.

Доплата за туристичка такса во Грција – 1.5 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)

Огранизиран превоз Скопје – Кавадарци – Неа Флогита
Поаѓање од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот.

Цена на повратен билет = 50 евра. Деца од 2 – 11,99 = 40 евра. Цена во еден правец 40 евра.  Деца до 1,99г. БЕСПЛАТНО (без седиште).

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...