Vila Katerina Lux

 

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

 

 

 

 

Вила Катерина Лукс е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на вилите ''Maria'' и ''Eva' , веднаш позади најголемата слаткарница ,,SWEET BEACH''  на околу 70 м. од плажа.Вилата располага со два 1/6 дуплекси (дневен престој, две оделени спални соби, во првата француски лежај во  втората два одделни кревети , комплетно опремена кујна,  WC , голема тараса).

Nea Flogita   Vila Katerina Lux

Услови под кои важи аранжманот.  

*цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!                                                          

Клима (вклучена во цената), wi-fi - (вклучена во цената)

Доплата на туристичка такса 4 евро по дуплекс од ноќ (се плаќа во вилата)

 

 

Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

- За возрасни 45 евра

- За деца до 12 години  35 евра

- Деца до 2 години бесплатно, без седиште

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Организаторот не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...