Vila Litsa II

 

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

 

 

 

 

Вила Литца 2 е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ''Corfu'', околу 50 метри. од плажа.. Располага со четири-креветни апартмани и три-креветни студија со комплетно опремени кујни и тераси. Во приземјето има две единици еден петто-креветен апартман и еден шесто-креветен дуплекс апартман.

Координати: 40.258373, 23.214267

Nea Flogita   Vila Litca 2

Услови под кои важи аранжманот.                                                    

*цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!                                                          

Клима (вклучена во цената), wi-fi - (вклучена во цената)

Доплата на туристичка такса 2 евро по стд/апп од ноќ (се плаќа во вилата)

Опис на сместувањето:

АПП БР 1 - Високо приземје. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.2 - На прв кат. Располага со 2 простории.Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.3 - На втор спрат. Располага со 2 простории. Спална со 2 единечни кревети и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

СТУДИО бр.4 - На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е кујната, купатило, балкон, ТВ и клима .

СТУДИО бр.5  - На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е  кујната, купатило, балкон (поглед на улица) , ТВ и клима .

ДУПЛЕКС бр.6 - Ниско приземје Располага со 3 простории: дневна соба и две спални соби. Во дневната соба се наоѓа кујна ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), два единечни кревети и софа на расклопување, истата излегува во двор кој има поглед на улица. Во едната спална има два единечни кревет и истата излегува во задниот двор додека втората спална соба има брачен кревет, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.7 - Ниско приземје. Располага со 2 простории. Дневна соба со два единечни кревети и софа на расклопување и во истата просторија е кујната одделена со шанк ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), истата излегува во двор кој има поглед на улица. Спална соба со брачен кревет и излегува во задниот двор, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

- За возрасни 45 евра

- За деца до 12 – 35 евра

- Деца до 2 години бесплатно, без седиште

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
  • Организаторот не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...