Vila Litsa
За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември
За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември
Вила Лица е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метриод плажата. Располага со 1/5 апартман на трет спрат. Спална соба со брачен кревет, купатило, дневна соба со два единечни кревети и софа (тросет) на пуштање во истата просторија е кујната (опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Kоординати: 40.258538, 23.215667
Услови под кои важи аранжманот.
*цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!
Доплата на туристичка такса 2 евро по стд/апп од ноќ (се плаќа во вилата)
Клима вклучена во цената, wi-fi вклучено во цената
Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
- За возрасни 45 евра
- За деца до 12 години 35 евра
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
- Организаторот не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.
ПРОГРАМА