Apphotel Lazaridis

 

-30% попуст на прва и последна смена

-25% попуст на втора смена

-15% попуст на трета смена

-10% попуст на сите останите смени

со целосна уплата до 20.12.2024

 

 

 

 

Apphotel Lazaridis се наоѓа на 150 метри од плажата. Располаге со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција).

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

Координати на вилата: 40.380784, 23.933122

Nea Roda   Aparthotel Lazaridis

Важни напомени

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.


Доплата за туристичка такса во Грција – 1.5 евра по соба од ден (се плаќа во агенција).

Огранизиран превоз Скопје – Кавадарци – Неа Рода.
Поаѓање од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот.

Цена на повратен билет = 50 евра. Деца од 2 – 11,99 = 40 евра. Цена во еден правец 40 евра.  Деца до 1,99г. БЕСПЛАТНО (без седиште).

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...