Vila Lena
-30% попуст на прва и последна смена
-25% попуст на втора смена
-15% попуст на трета смена
-10% попуст на сите останите смени
со целосна уплата до 20.12.2024
Vila Lena е лоцирана во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ на околу 100 метри од плажата. Располага со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Дел од сместувачките капацитети имаат поглед на море, а останатите поглед на улица. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор за паркирање на возила..
Координати на вилата: 40.380592, 23.933160
Важни напомени
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
Доплата за туристичка такса во Грција – 1.5 евра по соба од ден (се плаќа во агенција).
Огранизиран превоз Скопје – Кавадарци – Неа Рода.
Поаѓање од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот.
Цена на повратен билет = 50 евра. Деца од 2 – 11,99 = 40 евра. Цена во еден правец 40 евра. Деца до 1,99г. БЕСПЛАТНО (без седиште).
ПРОГРАМА