Vila Maria Pashalidou
-30% попуст на прва и последна смена
-25% попуст на втора смена
-15% попуст на трета смена
-10% попуст на сите останите смени
со целосна уплата до 20.12.2024
Vila Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Координати на вилата: 40.380445, 23.930400
Важни напомени
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
Доплата за туристичка такса во Грција – 1.5 евра по соба од ден (се плаќа во агенција).
Огранизиран превоз Скопје – Кавадарци – Неа Рода.
Поаѓање од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот.
Цена на повратен билет = 50 евра. Деца од 2 – 11,99 = 40 евра. Цена во еден правец 40 евра. Деца до 1,99г. БЕСПЛАТНО (без седиште).
ПРОГРАМА