Vila Kostas

 

17% попуст за 50% уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

 

 

 

 

Вила Костас се наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата.

Дуплекс апартман број 1A (дуплекс 1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и  голема тераса со маса и столови.

Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има спална со брачен кревет и мал кревет за дете и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).

Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број 1Б (1/3 + 1) – прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море.  Има  спална соба со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број 2Б (1/3 + 1) – прв кат, голем, простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море.  Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови

Jerisos   Vila  Kostas1

Jerisos   Vila  Kostas2

Напомени:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица, а во дуплекс апартман 4 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа

Цена на превоз:

  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Место и време на поаѓање:
  • Доплата за туристичка такса 1,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...