Ипсос - Vila Eleni

 

 

 

 

Вила Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден..

Krf   Ipsos   Vila Eleni

Напомени:

Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 1.50 евра по соба на ден. Се плаќа во автобус.
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20 евра за траект.
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.

Напомена: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите

Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)

Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).

Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.

Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.

Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

Плаќање за деца:

Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен

Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект

Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Check in во собите е после 14h по грчко време

Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.

Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж

Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.

Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа.

Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.

Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.

Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...