Шпанија - Лорет Де Мар
Пакет аранжман со автобус
Термини12 Јуни, 18 Јуни, 11 Јули,Јули, 15 Август, 29 Август, 4 Септември
1 ден: СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во 12.00ч. Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден: ВЕНЕ ЦИЈА – ВЕНЕТО РЕГИЈА
Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.
Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден: ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4 ден: ЛОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок или 6 полу пансиони или 6 полни пансиона.
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…
Престој на база 6 ноќевања со појадок или 6 полупансиони.
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI,FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…
10 ден: ЛОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
11.ден: АЗУРЕН БРЕГ – КАН – НИЦА
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.
Кан, – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.
Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.
Ница, – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”.
Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.
Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег. Ноќевање.
12.ден: АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ - МОНАКО
Појадок. Ги сместуваме стварите во автобус. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег, на монденскиот полуостров Cap Ferat каде се наоѓа вилата на Ephrussi de Rothschild, местата Villefranch –sur-Mer, Beaulie-sur-Mer и средновековниот град ЕЗ и посета на најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Можност да купите парфеми по фабрички цени.
Продолжуваме кон Монако: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички... Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1.
Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина.
МОНАКО – СКОПЈЕ: Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.
13.ден: СКОПЈЕ
Пристигнување во вечерните часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.
- 6 Ноќевања со појадок /полупансион/пансион според табелата во одбран хотел во Лорет де Мар.
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (Ница - Кан).
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
- Целодневна посета на Верона.
- Сместувањеи услуги во дво/тро/четворокреветни соби, според табелата.
- Организација и туристички придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Задолжително патничко осигурување
- Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7 € (задолжително се плаќа во агенција).
- Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/по лице на ден хотел со 3* / 1,50 €/по лице на ден хотел со 4* (се плаќа на лице место).
- Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25 € по лице.
- Задолжителен пакет излети Азурен брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 € по лице.
- Доплата за еднокреветна соба: 50% плус од цената, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).
- Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
Девизниот дел, задолжителниот пакет излети Азурен брег, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Еднаш пријавен излет, нема можност за откажување.
НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребна е група од 45 патници
Плаќањето е во денари по девизен курс 1 евро = 62 денари
Дополнителни Хотели
НАПОМЕНИ:
- Задолжителна АКОНТАЦИЈА при пријавување: 10 000 денари
- Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
- Плаќање во денарска противвредност 1€ (евро) = 62 денари
- За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица
- Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната
- НП – Ноќевање со појадок
- Полупансион – (појадок + вечера)
- Распоредот на излети и посети може да претрпи измени
- Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени
- Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата, предност постари лица.
- Со доплата од 10 евра по лице, може да се одбере број на слободно седиште.
- Сите други услови на патување важат според годишната програма
- Патникот има обврска да ја провери сатницата и местото на поаѓање, 48ч. пред терминот на поаѓање.
ПРОГРАМА