Bratislava2BB

 

Братислава и Виена 2НП 

 

 

 

Bratislava2BB

 

 

1 ден – 24.10.25 – Макаедонија - Братислава

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:55. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.

2 ден – 25.10.25 – Братислава – Виена - Братислава

По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.

3 ден – 26.10.25 Братислава - Скопје

По појадокот во хотел, започнуваме со разглед на историскиот дел на Братислава со локален водич. Братислава е еден од најголемите главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, тука ќе ги посетиме Михаеловата порта, градското собрание, универзитетската библиотека, како и сите позначајни објекти кои се наоѓаат токму во историскиот дел. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:10. Пристигнување во Скопје во 00:40.

 

 

Промо цена : 329 евра / 20 400 денари

 

 

Цена на аранжманот: 369 евра / 22 880 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR
  • Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад
  • Посета и разглед со локален водич на Виена
  • Посета и разглед на Братислава
  • Лиценциран придружник

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Доплата за еднокреветна соба 90 евра
  • Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на СКТМ