Saraevo2BB

 

Сараево 2НП

 

Мостар

 

 

 

 

Saraevo2BB

 

 

1 ден – 23.10.25 – Битола - Сараево

Собир на групата во 17.45 часот на паркингот пред спортска сала . Поаѓање за Сараево во 18:00 часот . Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден – 24.10.25 – Вишеград – Андриќград - Сараево

Во утринските часови пристигнување во Вишеград . Разглед на Мостот на Дрина . Факултативно крстарење со брод по реката Дрина. Посета на Андриќград изграден по иницијатива на познатиот режисер Емир Кустурица .Во договорено време се поаѓа за Сараево .По пристигнувањето се оди во хотелот. Доколку се спремни собите се сместуваме и има кратка пауза, во спротивно се продолжува веднаш со локалниот водич по програма. Факултативна посета на Тунел Спаса (изграден за време на опсадата на Сараево ) и факултативен разглед на Врело Босне ( еден од најубавите паркови кој се наоѓа на изворот на реката Босна) . По разгледите се упатуваме во центарот на Сараево на пешачка тура со локален водич каде ке ги посетиме позатата Башчаршија Себиљ, Мостовите на Миљацка.... Слободно време за прошетки и индивидуални активности.

3 ден – 25.10.25 Сараево – Мостар - Сараево

Појадок. По појадокот целодневна факултативна екскурзија во Мостар. Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва каде се водела Битката за ранетите. Продолѓуваме до едно од најубавите места во Босна и Херцеговина oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНЕ, изворот на реката Буна Овде се испреплетуваат историјата, архитектурата и природата. Ова место е уникатен природен и архитектонски музеј. Изворите го хранат коритото со чиста и студена вода, а објектите кои се надраснуваат над водата се изградени уште од 15-ти век, што на ова место му дава културно значење. По разгледот одиме за  МОСТАР. Мостар е познат како најтоплиот град во поранешна  Југославија Изграден на двата брега на реката Неретва. Прошетки и разгледи низ стариот дел на градот, чаршијата, “Стариот мост” . Слободно време за ручек во некој од многубројните ресторани изградени во етно стил. Во договорено време се враќаме назад во Сараево.  Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ центарот на Сараево. Ноќевање.

4 ден – 26.10.25  – Сараево - Македонија

Појадок.Одјавување од хотелот . Факултативна посета на  Босанските пирамиди. Во 2005 година Др Семир Османагиќ доаѓа до сензационално откритие дека околните ридови кај градот Високо се со правилни форми на пирамида. Ридот Височица го нарекол босанска „Пирамида на сонцето“ (со висина од 220 метри, тој е поголем од Кеопсовата пирамида), а ридот Плешевица станал „Месечината пирамида“ (190 метри). Долината на пирамидите ги вклучува и 90-метарската „Змејска пирамида“ (Бучи), висините на „Храмот на Мајката Земја“ (Крстач) и „Пирамидата на љубовта“ (Чемерак). По посетата се упатуваме кон Македонија. Патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

 

Промо цена : 119 евра / 7 380 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување во хотел 3* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
  • Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
  • Tуристички придружник за време на целото патување
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Посета на Вишеград
  • Посета на Андриќград

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 1 евро по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус
  • ФАКУЛТАТИВА – 60 евра пакет

Босански пакет  (Посета на Тунел Спаса, Врело Буне, Јабланица, Мостар, Врело Босне) Заштеда – 10 евра

  • ФАКУЛТАТИВА МОСТАР – БЛАГАЈ – 45 евра
  • ФАКУЛТАТИВА ТУНЕЛ СПАСА – ВРЕЛО БОСНЕ – 25 евра
  • Факултатива БОСАНСКИ ПИРАМИДИ – 25 евра
  • Крстарење по Дрина во Вишеград – 10 евра

Напомена:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ