Bolonja3BB

 

Болоња - Фиренца - ЧинквеТере 3НП

 

 

Bolonja3BB

 

 

1 ден – 10.10.25 – Скопје - Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден – 11.10.25 – Монтекатини

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела... учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор

3 ден – 12.10.25 Монтекатини- Cinque Terre- Монтекатини

Појадок. После појадкот заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ден – 13.10.25  – Монтекатини - Сиена – Сан Џимињано – Пиза - Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. . Во вечерните часови посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден – 14.10.25  – Монтекатини – Фиренца – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити...Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден – 15.10.25  – Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните  часови .

 

Промо цена до 10.09: 199 евра / 12 340 денари

 

Цена на аранжманот: 229 евра / 14 200 ден.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел Grand Hotel Nizza 4* на база 3НП (ноќевање со појадок) во срцето на Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко здравствено осигурување (без франшиза) - 300 ден (цена за лица до 60 години)
  • Туристичка такса (3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) - 50€
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано и Пиза(трансфер, водич) - 50€
  • Задолжителна посета на Фиренца - 30€
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • За ова патување пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по завршување на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Излетите можат да претрпат измени во денови и сатници
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.