Милано и Комо 3НП
авионска програма
1 ден – 09.10.25 – Макаедонија - Милано
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 17:00. Летот Скопје-Милано е во 19:10. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот Малпенса до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот.
2 ден – 10.10.25 – Милано
По појадокот, со јавен превоз (метро или трамвај) се упатуваме кон центарот на Милано, каде нашиот локален водич ќе не пречека и ќе го започнеме разгледот. Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.
3 ден – 11.10.25 – Милано – Комп - Милано
По појадокот во хотел, се упатуваме на целодневна посета на Комо, градот кој е изграден токму до истоименото езеро. Започнуваме со разглед со локалниот водич, се движиме низ стариот град, кој е сместен во средновековните ѕидини кои го опколуваат од 3 страни, а четвртата е пристапот кон прекрасното езеро. По разгледот со локалниот водич, слободно време за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме да направите едно крстарење на езерото, или посета на селото Брунате, кое се наоѓа на планината над градот и езерото, каде имате можност да уживате во погледот на градот и езерото. Во договорено време, се упатуваме назад кон Милано. Слободно време за индивидуални активности.
4 ден – 12.10.25 – Милано – Скопје
По појадокот во хотелот, ги напуштаме собите и багажот го оставаме во просторијата наменета за багаж во хотелот. Во договор со групата и придружникот се упатуваме кон централното подрачје на Милано, каде ќе имаме слободно време за индивидуални активности, шопинг, ручек, кафе, џелато, и секако уживање. Во договорено време се упатуваме назад кон хотелот. Трансфер до аеродромот Малпенса. Летот Милано – Скопје е во 21:50. Пристигнување на аеродромот во Скопје околу 23:30.
Промо цена : 399 евра / 24 740 денари
Цена на аранжманот: 429 евра / 26 600 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Авионски билет Скопје-Милано-Скопје со WIZZ AIR
- Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
- Трансфер од аеродром до хотел и назад
- Посета и разглед со локален водич на Комо
- Посета и разглед со локален водич на Милано
- Лиценциран придружник
Цената на аранжманот не вклучува:
- Патничко осигурување
- Туристичка такса
- Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)
Напомена:
- За реализација на овој аранжман се потребни минимум 18 патници.
- Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Доплата за еднокреветна соба 90 евра Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на СКТМ