Париз 3НП 

 

Авион 

 

 Pariz3BBAvio

 

 

 

1 ден – 23.05.26 – Скопје - Париз

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:10 часот. Полетување кон Париз во 12:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 15:10 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за одмор а во вечерните часови  првиот разглед на Париз со придружникот од агенцијата. Ноќевање.

2 ден – 24.05.26 – Париз - Версај

Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). По завршување на посетата на Версај, следува разглед на градот со локален водич, шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Враќање назад во хотел.Ноќевање.

3 ден – 25.05.26 Лувр - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена

Појадок во хотел. Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула(индивидуално) и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание.По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден – 26.05.26   Париз - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 15:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 18:30 часот.

 

 

Промо цена : 519 евра / 32 180 денари

 

Цена на аранжманот: 599 евра / 37 140 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во хотел;
  • Доплата за еднокреветна соба 150 Еур.
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро

Напомена:

  • Задолжително минимум две факултативи – пријавување во агенција
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За оваа програма важат општите услови за патување