Будимпешта - Виена 3НП
Авион

1 ден – 22.05.26 – Скопје - Будимпешта
Состанок со групата на аеродромот во Скопјe во 09:45 часот. Планирано полетување кон Будимпешта е во 11:55 часот. Предвидено пристигнување во Будимпешта е во 14:00ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување и време за одмор.
Вечерта органзирана прошетка од пратителот на групата. Можност за пријатна вечера или уживање во некој пијалок.
2 ден – 23.05.26 – Будимпешта
Појадок. Во однапред договорено време се уплатуваме на разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Меморијалот на “Садот со чевли” – Овој меморијал се наоѓа на брегот на Дунав и е важен историски споменик посветен на жртвите на Холокаустот. Интересен и силен спомен, кој носи многу емоции.
Во договорено време организиран факултативен излет каде што следува вечерно крстарење со брод по Дунав (факултативно). Останатите патници кои нема да дојдат на крстарењето имаат време за индивидуални активности.
Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден – 24.05.26 – Будимпешта – Виена - Будимпешта
Појадок. По појадокот целодневна факултативна посета на Виена со јавен транспорт. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе,Плоштадот Рингштрасе во Виена е еден од најпознатите и најимпресивни булевари во Австрија, кој е препознатлив по својата величествена архитектура и културно-историски значај. Тој е важен дел од историјата на Виена и го опкружува историскиот центар на градот.
Операта,Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата,Белведере, Катедралата Св. Стефан (или Стефанкирхе, како што ја нарекуваат на германски) е една од најпознатите и најзначајни цркви во Виена, и е симбол на градот. Се наоѓа во центарот на Виена, на познатиот плоштад Штефансплатц, и е едно од најпознатите архитектонски обележја на Австрија., Зимскиот дворец Хофбург.
Слободно време за индивидуални прошетки,во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден – 25.05.26 – Будимпешта - Скопје
Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Може да уживате во преубаво кафе или во некој домашен специјалитет. По договор со претставникот, поаѓање со трансфер кон аеродоромот во Будимпешта. Време на полетување од Будимпешта е во 13:55 часот.
Промо цена : 399 евра / 24 740 денари
Цена на аранжманот: 419 евра / 25 980 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
- Директен лет на релација Скопје–Будимпешта -Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
- Организирани трансфери: аеродром Будимпешта – хотел – аеродром Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- Разглед на Будимпешта со локален водич
- Факултативна посета на Виена
Цената на аранжманот не вклучува:
- Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
- Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа во агенција)
- Факултативен излет Крстарење по Дунав 25е
- Доплата за еднокреветна соба 150е
Напомена:
- За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
- Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување
