Сивота - Парга - Мецово 2RO 

 

Sivota2RO

 

 

 

 

 

СИВОТА–е мало прекрасно место кое е лоцирано помеѓу Парга и Игуменица на крајбрежјето на Јонско море. Дестинацијата  нуди голем избор на преубави плажи со кристално чиста вода, мали островчиња, продавници, таверни, кафе барови, идилични пејсажи… и многу повеќе.

 

1 ден – 23.05.26 – Макаедонија - Сивота

Состанок на групата во 02.30 пред Дрводекор Скопје. Поаѓање кон Сивота со патување преку Велес, Прилеп, Битола и граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во близина на Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Сивота во попладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на Сивота со групата во попладневните часови.

Факултавивен излет во вечерните часови со посета на Парга и можност за вечера во една од многубројните таверни во Парга. Враќање во Сивота. Ноќевање.

2 ден – 24.05.26 – Сивота

Факултатива. Собир на групата и упатување према пристаништето од каде со брод продолжуваме кон една од најатрактивните плажи во Сивота каде се снимени и делови од Blue Lagoon– PISINA BEACH. Вечерта факултативна посета на грчка таверна. Ноќевање.

 3 ден – 25.05.26 Сивота - Македонија

Слободно претпладне. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Мецово – прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар (живописно градче кое што е изградено во форма на амфитеатар на надморска височина од 1200 метри) каде што сите куќи се изградени во традиционален стин од камен и дрво.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

 

Промо цена до 30.04: 119 евра / 7 380 денари

 

Цена на аранжманот: 129 евра / 8 000 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација.
  • 2 ноќевања во апартмантско сместување (Фортуна програма) во централното подрачје на Сивота, вили со кујни како и клима влучена во цена
  • разглед на Сивота,
  • организација, водство и реализација на аранжманот,
  • 1во и 2ро дете до 11,99 години – Попуст 10 Евра

Цената на аранжманот не вклучува:

  • патничко осигурување,
  • факултативни излети и посети,
  • Факултативно крстарење во Сивота ( цената ке биде објавена на 20/04/2026 година) ,
  • -грчка вечер во таверна.
  • -Факултативна посета на Парга 10 Еуро (минимум потребно 25 лица за реалицација факултативата)
  • -Доплата за Туристичка Такса 3 Еуро по лице

Напомена:

  • *За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување→