Apartman MIA 1
Дуплекс Апп “МиА 1” се наоѓа на 20 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Апартманот се наоѓа на први кат и во својот состав има 2 спални соби, посебна дневна соба, посебна кујна, заедничко купатило, ходник и 2 балкони. Во спалните соби има по еден брачен и еден единечен кревет и по еден плакар. Во дневната соба има голема трпезариска маса со столици, гарнитура за седење, телевизор и клима уред кој е бесплатен. Кујната е опремена со основен прибор за приготвување на храна, плотна со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување. Од едната спална се излегува на помал балкон (со поглед кон дворот), а од дневната соба и од кујната се излегува на другиот балкон кој што има страничен поглед кон море. Клима уред и wi-fi вклучени во цена. Агенцијата неможе да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Координати: 40.2576151,23.2170864
| Вила Мариа Понтои - Неа Флогита | |
|---|---|
| ПЕРИОД | 1/6 Дуплекс Апп |
| 16.05.2027 – 23.05.2027 | 495 € наем |
| 23.05.2027 – 30.05.2027 | 535 € наем |
| 30.05.2027 – 06.06.2027 | 565 € наем |
| 06.06.2027 – 13.06.2027 | 665 € наем |
| 13.06.2027 – 20.06.2027 | 715 € наем |
| 20.06.2027 – 27.06.2027 | 785 € наем |
| 27.06.2027 - 04.07.2027 | 855 € наем |
| 04.07.2027 - 11.07.2027 | 935 € наем |
| 11.07.2027 - 18.07.2027 | 935 € наем |
| 18.07.2027 - 25.07.2027 | 935 € наем |
| 25.07.2027 - 01.08.2027 | 935 € наем |
| 01.08.2027 – 08.08.2027 | 935 € наем |
| 08.08.2027 – 15.08.2027 | 935 € наем |
| 15.08.2027 – 22.08.2027 | 935 € наем |
| 22.08.2027 – 29.08.2027 | 935 € наем |
| 29.08.2027 – 05.09.2027 | 855 € наем |
| 05.09.2027 – 12.09.2027 | 785 € наем |
| 12.09.2027 – 19.09.2027 | 715 € наем |
| 19.09.2027 – 26.09.2027 | 625 € наем |
|
Цените се дадени за наем на стд/апп за 7 ноќевања Цените се изразени во евра за плаќање во денарска противредност 1€ = 62 денари |
|
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE КРЕДИТ
Важни напомени
- Туристичка такса се плаќа во објектот.
- Клима уред бесплатно (ако истиот се користи само кога гостите се во апартманот, во спротивно сопственикот има право да им наплати по 5 евра од ден или да им ја скрати таа услуга.)
- Во собите е дозволено сместување на максимум 6 лица без разлика дали се возрасни или деца.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.dimetours.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот. Нашата веб-страница (www.dimetours.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
- Агенцијата може опционално да организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот).
- Секој патник има право на 1 парче багаж.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопственикот на објектот го задржува правото при евентуално направена-причинета штета да изврши наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Сместувањето е првиот ден после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 9 часот по локално време.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на ТА Диме Турс кои што се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација.
- При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците), се наплаќа 15 евра за манипулативни трошоци.
- За важечка резервација се смета само со уплата на 50% од целосната вредност на аранжманот, а целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање, освен ако не е поинаку назначено во условите за резервација.
Има опција за организиран превоз:
55 евра за возрасни – повратна карта
45 евра за возрасни – карта во еден правец
45 евра за деца до 12 години – повратна карта
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиштe
ПРОГРАМА
