Vila N&D - Јерисос

 

25 % попуст за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

 

 

 

 

Вила “N&D” (ex Nicoleta ) се наоѓа на одлична местоположба, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Располагаме со 3 двокреветни студија, 2 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите сместувачки единици располагаат со сопствени екстра реновирани тоалети со пешкири, балкон, минимален прибор за готвење и јадење (во нив нема тави за пржење, тенџериња, шпорети и сл.), LCD TV и нов високо квалитетен мебел. Оваа вила не дозволува готвење како во домашни услови. Сите студија се комплетно реновирани за лето 2026, нови, за најпробирливите патници. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.

Студио број 3 (1/2) – приземје.  Пространо студио, опремено со комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.

Студио број A1 (1/2) – втор кат.  Пространо студио, опремено со комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.

Студио број A2 (1/2) – втор кат.  Пространо студио, опремено со комплетно реновиран тоалет тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.

Студио број 8 (1/3)– прв кат.  Пространо студио, опремено со комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 1 стандарден кревет.

Студио број 9 (1/3) – прв кат.  Пространо студио, опремено со комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 1 стандарден кревет.

Студио број 10 (1/4) – прв кат.  Пространо студио, опремено со комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревети.

 

Координати: 40.39898,23.87994,1103

Jerisos   Vila N&D1

Jerisos   Vila N&D2

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Напомена: Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица| 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот

 

 

Цена за превоз:

  • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
  • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Место и време на поаѓање:

  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес – БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица

 

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето, во објектот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект, се осигурани од самите објекти на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот редовно ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови. Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
  • На секој патник му следува со себе да понесе по 1 патна торба до 20 кг и 1 парче рачен багаж. Се што е над дозволеното може да се наплати дополнително (ако има место во возилото) или да се одбие да се товари во возилото ако е претоварено и нема доволно простор.

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...