Apphotel Alexander In

 

 

 25 % попуст за првата и последната смена , 20 % попуст за втората смена , 15 % попуст за третата смена

  За сите останати смени попустот е 10 %

За резервација и целосна уплата до 19.12.2025 год

 

 

 

 

 

Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири... Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк, мало пристаниште, банка... Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа. 

Апартхотелот „Alexander Inn е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот, како и поглед на улица. Сите сместувачки капацитети се опремени со соодветен мебел, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

Координати на вилата: 40.6706607,23.6916213,549

Stavros   Aparthotel Alexander In

Опис на сместувањето:

 Студио бр. 9 - на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот и е поврзана со терасата на студиото бр. 10.

Студио бр. 10 - на високо приземје кое има три единечни кревети. Студиото располага со пространа тераса која има директен поглед на базенот и е поврзана со терасата на студиото бр. 9.

Студио бр. 11 - на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет. Студиото располага со тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.

Студио бр. 12 - на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет. Терасата е поврзана (со преграда) со терасата на студиото бр. 13.

Студио бр. 13 - на високо приземје кое има еден дупли и еден единечен кревет. Терасата е поврзана (со преграда) со терасата на студиото бр. 12.

Студио бр. 17 - на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет и тераса со поглед во дворот на хотелот и кон паркингот, како и бочно кон базенот.

Важни напомени

  • Цените во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 20 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
  • Деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно 

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...