Кала Нера - Vila Olympion

 

 

 

 

Вила Олимпион - Оваа преубава вила се наоѓа во мирна улица во самиот центар на Кала Нера. Локацијата и е 100 метри од море во самиот центар на Кала Нера. Студио 02 се сместени на приземје и на први спрат и поседуваат француски кревет или два стандардни кревети, кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, сеф, ТВ, клима ( вклучена во цена ) и тераса со гарнитура за седење. Студио 03, сместени се на приземје и на први спрат и поседуваат француски кревет или два одвоени кревети како и трет стандарден кревет, кујна (фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима (вклучена во цена) и тераса со гарнитура за седење. Студио 04, сместени се на приземје и поседуваат четири стандардни кревети, кујна(фрижидер, решо, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш-када, ТВ, клима(вклучена во цена) и тераса со гарнитура за седење.

Координати на вилата: 39.306457,23.120545

Kala Nera   Vila Olimpion

Цените се дадени по лице на 10 ноќи, без превоз

НАПОМЕНА:

  • Прво и второ дете од 2-14 години плаќаат цена дадена во табелата, во придружба со 2 возрасни лица по цена од СТД 02 и користи кревет во СТД 04, или заеднички кревет (дете до 6 год) со возрасни лица во СТД 02/СТД 03.
  • Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
  • Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
  • Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.
  • За овој аранжман важат oпштите услови за патување
  • Туристичката такса е 2 евра по студио / апартман на ден.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...