Vila Eleni
НЕОС ПАНТЕЛЕИМОНАС е мало туристичко место расположено покрај морето и во подножјето на планината Олимп, идеално за фамилијарен одмор. Има долга преку 3 километри песочна плажа со кристално чисто море, супермаркети, ресторани, многу зеленило и големи сенки.
Вила Елени се наоѓа на околу 250 м од плажата. Располага со трокреветни студија лоцирани на првиот кат. Сите студија располагаат со кујна опремена со електричен шпорет, фрижидер и кујски прибор според бројот ка кревети, тоалет со бања, ТВ и тераса, опремена со маса и столици. Климата е вклучена во цената за сместување во термините во Јули и Август а за термините во Јуни и Септември за истата се доплаќа 5 еур. од ден, доколку се користи. WI-FI е вклучено во цената. Вилата располага со сопствен паркинг. Туристичката такса од 2 еур. на ден, се плаќа на лице место при сместување.

Важни напомени
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со
бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е
дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не
користи легло);
* Туристичка такса се плаќа на сопственикот на вилата;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално
време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално
време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на
интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро
= 62,00 денари
* Промена на име на патник, термин или сместувачки
капацитет без оправдана причина се смета како
манипулативен и административен трошок и се наплаќа
620,00 денари (10 евра)
Попусти:
- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
- Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
Резервации и плаќање:
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот;
Услови за рана резевација:
- Уплата 50% од износот на аранжманот;
- Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
- Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;
Превоз:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
- Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
ПРОГРАМА
