Vila Dimitris
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА ТЕРМИН: 30/05-06/06
20% ПОПУСТ
12% попуст на вонсезонски и 15% попуст на сезонски цени
за резервации заклучно со 07.03.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш при резервација
и целосна доплата заклучно со 04.04.2026 (сабота)
Вила Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажа. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија/апартмани. Сите студија/апартмани се опремени со бања, комплетно опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената. Вилата се наоѓа во мирен дел опкружена со зеленило и со двор од преку 3.000м2, како и свој сопствен паркинг. Во градината има опрема за скара која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки во тревата. Вилата е многу години омилена дестинација во изборот на туристите кај нас. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
1/3 студија број 32, 34 и 36 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Овие студија гледаат кон задниот дел на вилата и имаат помали тераси опремени со маси и столови.
1/3 апартман број 24, 25, 26 и 29 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартман број 24 се наоѓа на приземје и има своја тераса опремена со маси и столови и гледа кон дворот на вилата. Апартманите број 25, 26 и 29 се на прв кат. Број 29 има своја тераса а 25 и 26 имаат заедничка тераса опремени со маси и столови и гледаат кон влезот на вилата.
1/3 студија број 31, 33, 35, 37 и 38 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Студијата 31, 33 и 35 гледаат кон патот кој води кон градината на вилата и имаат поголеми тераси опремени со маси и столови. Студијата 37 и 38 гледаат кон влезот на вилата и имаат најголеми тераси опремени со маси и столови.
1/3+1 апартмани број 22, 23, 27 и 28 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет, 1 стандарден единечен кревет + софа на извлекување. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартманите број 22 и 23 се наоѓаат на приземје, имаат сопствена тераса со маса и столови и гледаат кон дворот, број 27 и 28 се наоѓаат на прв кат, имаат своја тераса со маси и столови и гледаат кон дворот на вилата.
1/3 апартмани број 39 и 40 – Приземје – мала зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Имаат сопствена трем – тераса која гледа кон дворот на вилата.
1/4 апартмани број 41 и 42 – Прв кат – мала зграда. Располагаат со брачен кревет + 2 единечни стандардни кревети. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Имаат сопствена тераса опремена со маса и столови која гледа кон дворот на вилата.


Важни напомени
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
- Напомена: Во вонсезонските цени плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- Во полуапартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Цена за превоз:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- Место и време на поаѓање:
Куманово 02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол
Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен преми
- Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
- Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ПРОГРАМА
