Vila Toula

 

За резервација до 31.01.2025 – 10% попуст за 50% уплата веднаш, а остатокот 20 дена пред поаѓање

Попустот не важи за ПРОМО цените!

 

 

 

 

Вила Тула  е наоѓоa во новиот дел во Неи Пори .Располага со 7 соби од кои ( студија 1/2, студија 1/3 дуплекс 1/3+1/2 ).Вилата се наоѓа 200 м одалечена од плажа. Wi-fi - бесплатно додека користење на клима уредот е со доплата 6 евра на ден за студио и 10 евра на ден за дуплекс. Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ за студио.

Координати: 39.97393, 22.65581

Nei Pori   Vila Toula

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ за студио.
  • цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!                                                         
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
  • 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ:

1/2 стд бр.1 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од десната страна при влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата.

1/4 стд бр.2 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со два дупли кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/4 стд бр.3 - Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/2 стд бр.4 - Се наоѓа на приземје, има дел од дворот кој се користи како тераса Во влезот на студиото се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата која гледа во соседната куќа (ѕид).

1/3 стд бр.5 - Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса и WC. Студиото располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

1/4 стд бр.6- Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопатвена тераса и WC Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

1/5 дуплекс бр.7 - Се наоѓа на првиот кат од вилата има долга тераса на која се излегува од двете спални и од кујната. Кујната се наоѓа во ходникот на дуплексот помеѓу двете спални соби и е оремена со решо и голем фрижидер . Дуплексот има сопствено WC. Во едната спална има 1 дупли и 1 единечен кревет, а во другата спална соба има 2 единечни кревети и ТВ. Во дуплексот има 2 клими по една во секоја спална соба.

1/4 стд бр.8 - Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса која гледа во соседната куќа (ѕид), WC. Располага со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер.

УСЛОВИ ПОД КОИ ВАЖИ АРАНЖМАНОТ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Апартманите не поседуваат крпи.
  • За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...