Hotel Gounos
-10 % попуст за рани резервации
Хотелот GOUNOS ** е сместен во близина на плажата во Лептокарија, оддалечен само 5 минути пешачење од морето.
Содржини: Објектот се наоѓа на голем плац со уреден двор со зелена површина. Гостите на располагање имаат мала рецепција со лоби и лифт за полесен пристап до собите. Во дворот е достапен покриен простор - пергола со маси за дружење и релаксирање, и приватен паркинг простор за паркирање на возила.
Ресторан со услуга полупансион, во кој се послужува појадок на отворено бифе (“шведска маса“) и вечера со избор од два главни оброци, гарнир, салата и десерт.
Сместување: Хотелот има 22 комфорни соби, за сместување од едно до четири лица. Собите се уредени според категоријата и располагаат со тоалет, балкон, телевизор и клима уред.
Услуга: Полупансион (појадок и вечера)

Цените се однесуваат по лице со полупансион (појадок и вечера без превоз).
ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ:
- Во SGL (1+1) - за 1 дете 0-3,99 г. -100% / за дете 4-11,99 г. -50%
- Во DBL (2+1) - за 1 дете 0-3,99 г. -100% / за дете 4-11,99 г. -50% / за 3 возрасен 12+ г. -30%
- Во DBL (2+1+exb) - за 1 дете 0-3,99 г. -100% / за дете 1 или 2 4-11,99 г. -50% / за 3 или 4 возрасен 12+ г. -30%
СОБИТЕ СЕ НАОЃААТ НА ПРИЗЕМЈЕ, 1, 2 ИЛИ 3 КАТ ( ЗГРАДАТА ИМА ЛИФТ ):
- 1/1 соба SGL (1+1) - 1, 2 или 3 кат (Капацитет 1 возрасен и 1 дете: единечен кревет 100 cm или 120 cm)
- 1/2 соба DBL (2+0) - 1, 2 или 3 кат (Капацитет до 2 лица: 2 единечни кревети)
- 1/3 соба DBL (2+1) - 1, 2 или 3 кат (Капацитет до 3 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет или 3 единечни кревети)
- 1/4 соба DBL (2+2) - приземје, 1, 2 или 3 кат (Капацитет до 4 лица: 1 двоен + 1 единечен кревет + 1 помошен кревет или 3 единечни кревети + 1 помошен кревет)
ТУРИСТИЧКА ТАКСА ВО ГРЦИЈА ЗА 2026 (АПРИЛ-ОКТОМВРИ)
*Цената е изразена од соба по ноќевање
- Хотел 1*/2*: 2,0 €
- Хотел 3*: 5,0 €
- Хотел 4*: 10,0 €
- Хотел 5*: 15,0 €
- Апартмани/Студија: 2,0 €
- Вили: 15,0 €
Легенда: HB - полупансион (појадок и вечера)
Цените се дадени по лице, за сместување на минимум 2 возрасни лица во DBL соба, 1 возрасно лице во SGL соба Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Сместување во хотел за 7 ноќевања со услуга полупансион (појадок-“шведска маса“ и
вечера-избор од два главни оброци, гарнир, салата, десерт).
- Користење на клима уред е бесплатно
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса од 2€ на ден по соба се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
- Превоз до местото на избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите).
- Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
- Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци....
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден:Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 - 7 ден: Престој во објектот со избраната услуга за аранжманот. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз, во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR по лице (35 € за деца 2-11.99 год.)
Mеста и сатници на поаѓање:
- Скопје, во 06:00 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 евра по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред резервирани за персоналот.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Важни напомени
* Редовните цени и цените со попуст, се објавени во ценовникот бр.1 со важност до 30.09.2026 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Корисни информации
- Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 16:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
- Tретиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
- Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
- Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
- Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
- Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
ВНИМАНИЕ!
- Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
- Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со попуст (рани попусти - EB):
- Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
- При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
- Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
- Уплатениот износ од 50% не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
ПРОГРАМА
