Vila Vula

 

За резервација до 31.01.2025 – 10% попуст за 50% уплата веднаш, а остатокот 20 дена пред поаѓање

Попустот не важи за ПРОМО цените!

 

 

 

 

 

Вила Вула е  лоцирана на 50м од најубавата плажа во Лептокарија. На 10 минути  од центарот. Оваа вила  е изградена во 2020 година. Самата вила располага со три, четири и пет  креветни студија кои дел се со странчен поглед на море. Сите студија се опремени со кујни ,тв,wi-fi ,тераси. Клима со доплата 6 евра на ден.

Kоординати: 40.0655, 22.56647

Leptokarija   Vila Vula

Услови под кои важи аранжманот.

*цените обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст!                              

За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин. Попустите не се комбинираат.

Користењето на клима-уред-(6 евра на ден)

Доплата на туристичка такса 2 € за студио/апп од ноќ (се плаќа во агенција)

Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

 

Опис на сместувањето:

1/4 стд бр.1 СУТЕРЕН - се наоѓа неколку скали во земјата. Студиото има дел од дворот кои го користат како свој балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и креветчина на спрат, WC, клима и ТВ.

1/3 стд бр.2 - се наоѓа на високо приземје и е со засебен влез. Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.

1/3 стд бр.3 - се наоѓа на високо приземје. Има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.

1/4 стд бр.4 - се наоѓа на прв кат. Студиото има сопствен голем балкон со страничен поглед на море, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два брачени кревети грчки стандард , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).

1/3 стд бр.5 - се наоѓа на прв кат. Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.

1/4 стд бр.6 - се наоѓа на втор кат. Студиото има сопствен голем балкон со страничен поглед на море, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два брачени кревети грчки стандард, WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).

1/3 стд бр.7- се наоѓа на втор кат. Студиото има сопствен балкон, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.

1/4 стд бр.8 - се наоѓа на трети кат. Студиото има сопствен голем балкон со поглед на море, кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два брачени кревети грчки стандард, WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).

УСЛОВИ ПОД КОИ ВАЖИ АРАНЖМАНОТ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Апартманите не поседуваат крпи.
  • За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а или пак на самата агенција.

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...