Vila Apolonia

 

 

10% попуст за целосна уплата до 01.03.2026

Попустот не важи за цените со *

 

 

 

 

 

Вила Аполониа се наоѓа на 150м од плажата во централниот дел. Пред самата вила се наоѓа градскиот парк. Вилата располага со 13 студија 1/3 и две студија 1/2 кои се на спрат. Студијата се на приземје и спрат и се опремени со кујна, купатило, балкон, АС (не е вклучена во цената), ТV и Wi - Fi . Дуплексот е комбиниран од две 1/3 соби кои се одделени со ходник, од кои едната соба нема тераса, но затоа има клима која е вклучена во цената, а исто така, се користи терасата од другата соба. Дуплексот располага со две кујни и две купатила. Вилата на приземје има пинг-понг маса и две дополнителни санитарни простории наменети за сите гости при реализирање на смените.

Nea Vrasna   Vila Apolonia

Напомени:

Туристичка такса 2 евра од ден се наплаќа во агенцијата

Доплата за клима 5 Евра од ден

Термините обележани со *се однесуваат на пакет аранжмани по лице за 7ноќевања, а без * се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи

Во студијата дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен

За пакет аранжман во Студио 1/2 и 1/3 плаќаат минимум 2 лица, а во 1/3 трето лице се сместува бесплатно, плаќа само превоз

За уплата на два последователни аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 5% попуст на вториот аранжман на редовните цени

Сместувањето во студијата е во 14:00 часот по локално време, а напуштање на студијата во 10:00 часот по локално време

Цена само за автобуски повратен билет 50 евра, а за деца од 02-12 години 40 евра

Термини на поаѓање

  • Скопје во 05:00 ч. (пред хотел Континентал)
  • Куманово во 04:15 ч. (Макпетрол, автопат)
  • Кочани во 04:15 ч. (паркинг пред Судот)
  • Штип во 04:45 ч. (бензинска пумпа Лукоил на влез)
  • Велес во 05:45 ч. (бензинска пумпа - мотел Македонија)
  • Поаѓање од Нова Врасна во 14:00 ч. (локално време)

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

Се вчитува...