Аг. Никитас - Vila Spiros
Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.
GPS координати: 38.788855,20.614106

Студија:
- Двокреветно: со еден двоен кревет
- Трокреветно: со еден двоен кревет и еден единечен кревет
Содржина на студијата:
- сопствена тераса со гарнитура за седење,
- сопствен тоалет со туш кабина,
- сопствена мини кујна со прибор за готвење и јадење,
- wi-fi, ТВ,
- Клима (5еур на ден),
Напомена: терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море.
Капацитетот на собите:
-во двокреветна соба максимум 2 лица,
-во трокреветна соба максимум 3 лица + 1дете до 3,99год кое спие со родители.
Промо термини:
Термините 03.06 и 10.06 и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
- Понудата важи за ограничен број апартмани во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Клима со доплата од 5еур на ден.
- Цените се за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:
-Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
-Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
-Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -70€ по лице
-Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:
-Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)-60€ по лице
-Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
-Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
-Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -70€ по лице
-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )
Време на поаѓање за Лефкада:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- за уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
- попустите не може да се комбинираат,
- Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број НЕ може да се смести ПЛУС ЛИЦЕ
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Важат Општите услови на патување
ПРОГРАМА
